Top Sport

Гофан обезбеди полуфинален дуел со Федерер

Давид Гофан се врати од бавниот старт за да го совлада Доминик Тим со 6:4/6:1 и да го комплетира полуфиналниот состав на АТП финалето во Лондон. Награда за првото полуфинале во првиот настап на завршниот турнир е пресметка со Роџер Федерер.

Гофан, кој беше „уништен“ од Григор Димитров во претходниот меч, почна лошо против 22-годишниот Австриец Тим, и губеше со 0:3, пред да се врати и да освои 15 поени во низа. Тим изгледаше слабо на стартот на вториот сет, и Гофан бргу направи предност од 4:1, и Гофан го заврши мечот бргу.

Во второто полуфинале во Лондон ќе играат Димитров и американското изненадување Џек Сок. Вечерва на програмата е дуелот на Димитров со Пабло Карењо Буста, тенисерот кој го замени повредениот Рафаел Надал и кој нема резултатско значење.

Scroll to Top