Top Sport

Одриозола го брани Бејл: Тој знае шпански, но е премногу срамежлив да зборува

Алваро Одриозола застана во одбрана на својот клупски колега Герет Бејл, отфрлајќи ги „доказите“ дека Велшанецот не научил да зборува шпански јазик иако шест години е во Реал Мадрид.

Ова прво го изјави Марсело, а потоа беше потврдено со видео во кое Бејл кога го прашуваат нешто на шпански јазик, вели: „немам поим што кажа“. Шпекулациите велат дека Бејл е „самотник“ во Реал и дека се мачи со животот во Шпанија, но Одриозола вели дека не е така.

„Тој мене ми изгледа добро. Против Селта одигра одлично, работи напорно и е многу мотивиран. Знае шпански совршено, но се срами да го користи и тоа е нормално. Јас зборувам со него на шпански и англиски, без проблеми. Тој е фанатик на Мадрид и даде сѐ за клубот. Голем фудбалер. Брзината, моќта. Прецизноста пред голот. Мене ми се допаѓа многу“, изјави Одриозола.

Доказ дека Герет Бејл не знае ниту еден збор шпански! (видео)

Scroll to Top