Тибо Куртоа го повикал соиграчот од репрезентацијата на Белгија, Еден Азар, да му се приклучи наредната сезона во Реал Мадрид. Повикот на Куртоа нема да им се допадне на навивачите на Челси, иако Азар не ја крие желбата да го облече дресот на „кралскиот клуб“.
„Не знам ништо околу неговата иднина и не знам дали клубот има намера да го ангажира. Тој ми е еден од најблиските пријатели во фудбалот и сакам да дојде во Реал“, рекол Куртоа, чија иднина во клубот е неизвесна по доаѓањето на Зинедин Зидан.
Куртоа минатото лето за сума од 35 милиони евра од Челси пристигна во Реал, а медиумите шпекулираат дека тој нема да биде прв голман кај Зидан и дека е голема веројатноста да се пресели во ПСЖ.