Турскиот фудбалер Мансур Чалар, кој прво доби доживотна суспензија за наводен напад со жилет на ривал, ќе може да ја продолжи кариерата, откако неговата казна беше драстично намалена.
Арбитражниот борд на Турската фудбалска федерација (ТФФ) ја намали казната на Чалар на 20 меча суспензија и финансиска казна од 25.000 турски лири (околу 4.000 евра).
Контроверзниот инцидент се случи во март во турската трета лига во меч меѓу Амедспор и Сакаријаспор, по што Чалар (Амедспор) го нападна Ферхад Јазган. Снимките покажуваа дека Чалар има нешто во рацете пред стартот на мечот, и Сакаријаспор се пожали дека четири фудбалери биле повредени од „остар објект“.
Чалар прво доби суспензија од 4 години и 25.000 лири, а бидејќи според турските спортски правила, секоја казна од над 3 години автоматски станува доживотна суспензија, се сметаше дека неговата кариера е завршена.
Amedsporlu futbolcu Mansur Çalar, Sakaryaspor maçına elinde gizlediği jiletle çıktı ve rakip takım futbolcularını yaraladı@TFF_Orgpic.twitter.com/QHhal7r14n
— Yeni Şafak Spor (@yenisafakspor) March 3, 2019