Top Sport

Ко-основачот Патрик Хед се врати во Вилијамс

Соочени со втора катастрофална сезона во низа, можеби и значително полоша од нивната најлоша во историјата (2018), тимот на Вилијамс реши да побара помош од ко-основачот на тимот, Сер Патрик Хед.

„Можеме да потврдиме дека Сер Патрик Хед во моментов дава поддршка на нашиот инженерски тим во консултантска улога на кратки патеки“, објавија Вилијамс по шпекулациите пред трката во Бахреин.

Хед се враќа откако еднаш доминантниот Ф1 тим е без технички шеф, по заминувањето на Педи Лоув, а голем број на важни инженери заминаа следната година, како главниот дизајнер Ед Вуд, шефот на аеродинамиката Дирк де Бер и главниот инженер Роб Смедли.

Хед во 1977 година, додека Сер Френк Вилијамс поставуваше возачи кои си го плаќаа местото, го дизајнираше првиот вистински болид на Вилијамс, по што обезбеди спонзори од Саудиска Арабија и почна „вистинската“ историја на тимот. Само две години по ФВ06 болидот, со ФВ07 Алан Џонс ја освои титулата.

Хед си замина од позицијата технички директор во 2011 година, но останува акционер во тимот и едноставно мораше да се активира во ситуација кога болидот на Вилијамс заостанува неколку секунди, тимот нема доволно резервни делови, а болидот има основни проблеми за кои ќе бидат потребни месеци да се решат.

Scroll to Top