Килијан Мбапе во 2018 се промовираше во еден од најдобрите фудбалери без разлика на возраста, станувајќи прва „мета“ на Реал Мадрид за трансфер ова лето, а бројките кои ги споменуваат се навистина луди – 280 милиони евра.
Останува да се види дали пребогатиот ПСЖ ќе се реши да го даде 20-годишниот Французин, но поранешниот фудбалер на Барселона, Бразилецот Ривалдо вели дека тие пари се едноставно премногу за било кој фудбалер.
„Тоа навистина е премногу, никој не вреди толку. Меси, Роналдо, па ниту Нејмар. За Реал идеално би било да го донесат Еден Азар, бидејќи е одличен фудбалер и лидер на теренот. Најголемиот проблем околу цената на играчите е што клубовите се подготвени да дадат премногу пари, иако никој не вреди толку“, вели Ривалдо.