Наполи ја победи Рома со 4:1 на „Олимпико“ зголемувајќи ја мизерната форма на тимот на Клаудио Раниери, а Аркадијуш Милик постигна магичен гол за целосно лошо попладне за „волчицата“.
Полскиот ас Милик го постигна својот 19. гол оваа сезона во втората минута од мечот, со неверојатна контрола на топката, носејќи водство на Наполи, кое траеше до крајот на полувремето кога Диего Пероти израмни од пенал.
Could watch this all day! ?#SerieA pic.twitter.com/d213IcowDT
— Premier Sports ? (@PremierSportsTV) March 31, 2019
Но, ова даде само лажна надеж на тимот кој беше потресен од конфликти во соблекувалната мината недела, откако „партенопеи“ покажаа дека се далеку подобар тим оваа сезона, откако Мертенс, Верди и Јунес постигнаа голови во второто полувреме за 4:1 победа.
Наполи останува втор со 63 поени, дури 15 помалку од лидерот Јувентус, додека Рома е на шестото место со 47 поени, еден помалку од Аталанта и со сè помалку надеж за место кое носи во Лигата на шампиони.
СЕРИЈА А, 29.КОЛО
Рома – Наполи 1:4
Фиорентина – Торино 1:1
Фрозиноне – СПАЛ 0:1