Top Sport

Лулиќ до Хандановиќ: Кај нас репрезентацијата е како кога одиш на одмор (Видео)

Интер и Лацио, синоќа играа на „Џузепе Меаца“, победија играчите од рим (0:1), а пред мечот камерите уловија интересен разговор помеѓу капитените на двата тима Самир Хандановиќ и Сенад Лулиќ.

Хандановиќ и Лулиќ разговарале за своите национални тимови, Словенија односно Босна и Херцеговина.

Лулиќ рекол дека „сега му станало јасно што пропушта“. Капитенот на Лацио во 2017 година се прости од дресот на БиХ. Во кариерата одиграл 57 натпревари и постигнал четири гола.

„Кај нас репрезентацијата ти доаѓа како мал одмор. Слатки, фамилија, подароци и потоа доаѓаат натпреварите и тогаш си „мртов“. Така беше кај нас“, рекол Лулиќ.

Хандановиќ му одговорил.

„Кај нас не беше така, кај нас беше сериозно“, рекол капитенот на Интер.

Scroll to Top