Top Sport

Далас без Дончиќ победија во Оклахома, Кингс ги изненадија Сан Антонио (Видео)

Далас Маверикс, без Лука Дончиќ, забележаа победа во Оклахома106:103. Оклахома со третиот пораз во последните пет натпревари „паднаа“ на осмата позиција на Западот. Лесни победи изминатата ноќ забележаа Голден стејт Вориорс, ЛА Лејкерс, ЛА Клиперс и Сакраменто Кингс.

Далас, со многу труд, извлекоа победа во Оклахома, чии играчи имаа два обиди во последниот напад да стигнат до победата. Конечниот резултат го постави Рајан Брокоф од линијата за слободни фрлања.

Во отсуство на Дончиќ, на неговата позиција играше Трејк Брук кој го предводеше тимот со 25 поени и осум асистенции. Ветеранот Дирк Новицки забележа седум поени и 13 скока.

Според праксата најдобри кај Оклахома беа Пол Џорџ 27 поени, 11 скока, Стивен Адамс 20 поени, 15 скока и Расел Вестбрук кој го забележа 30 трипл-дабл во сезоната (25 поени, 11 скока, 11 асистенции).

Сакраменто Кингс забележаа победа во Сан Антонио 116:113. Во последните три минути Спарс имаа поен предност, но до крајот на мечот не поентираа, а примија осум кошеви.

Бади Хилд ги предводеше Кингс со 26 поени, а на спротивната страна се истакна Ламаркус Олдриџ со 27 поени и 18 скока. Добар мач кај Сакраменто одиграа Србите Богдан Богдановиќ (15 поени, 5 скока, 3 асистенции) и Немања Бјелица (10 поени, 6 скока).

Резутати:

Њу Орлеанс Пеликанс – ЛА Лејкерс 102:130
Оклахома Тандер – Далас Маверикс 103:106
Сан Антонио Спарс – Сакраменто Кингс 106:113
Денвер Нагетс – Вашингтон Визардс 90:95
Голден стејт Вориорс – Шарлот Хорнетс 137:90
ЛА Клиперс – Мајами Хит 113:96

Scroll to Top