Тјери Анри требаше да биде „спасител“ на Монако и човек кој својата фудбалска репутација требаше да ја надгради со тренерска репутација. Наместо тоа, тој беше набркан по само три месеци на „Луј Втори“ со скор 4-5-11 и Монако го врати стариот тренер Леонардо Жардим. Но, барем му се исплатеше.
Славниот француски напаѓач доби отказ на 24 јануари, кога клубот од малото кнежевство му исплатил фантастични 25.5 милиони евра.
Со оваа плата, според „Франс фудбал“, Анри е третиот најплатен тренер на светот, пред Пеп Гвардиола од Манчестер сити (24 милиони евра) и Ернесто Валверде од Барселона (23 милиони евра). Пред него оваа година се Жозе Мурињо, без клуб (31 милион евра) и Диего Симеоне, кој го обнови договорот со Атлетико и сега има годишна плата од 41 милион евра.
3⃣ mois sur le banc.
2⃣5⃣,5⃣ M€ de revenus.
Rentable.Top 5 des entraîneurs les mieux payés : https://t.co/bugqKoUjzW#SalairesDesStars pic.twitter.com/AQoMepzXeH
— france football (@francefootball) April 1, 2019