Американската УФЦ ѕвезда, Џастин Гетџи вели неговата главна цел е јасна – да го пречека во октагонот рускиот светски шампион во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов и да го победи за појасот.
Гетџи овој викенд стигна до блескава победа со нокаут во првата рунда над Бразилецот Едсон Барбоза во Филаделфија и вели дека не е загрижен кој е неговиот следен противник, но дека „метата“ е на грбот на Нурмагомедов.
„Воопшто не се грижам со кого ќе се борам. Ќе ме платат многу пари, и тоа е најважно. Но, и шампионот ќе мора да дојде на ред. Го сакам Хабиб“, изјави Американецот.
Гетџи и е поранешна ѕвезда од колеџ НЦАА лигата во борење, и вели дека тоа искуство е клучно во контролирањето на борбите, посебно со противник како Нурмагомедов.
„Јас сум најголемата закана за неговата титула. Способен сум да го спречам да ме собори. Јас сум борач од првата лига и тој никогаш не се соочил со фајтер како мене“, вели Гетџи.
УФЦ: Гетџи уште еднаш покажа зошто е највозбудливиот ММА фајтер (видео)