Top Sport

УФЦ: Гетџи уште еднаш покажа зошто е највозбудливиот ММА фајтер (видео)

Американецот Џастин Гетџи уште еднаш покажа зошто е еден од највозбудливите ММА фајтери и кандидат за УФЦ титулата во лесна категорија со спектакуларен нокаут над Бразилецот Едсон Барбоза во првата рунда на УФЦ Фајт најт во Филаделфија.

Дуелот ги оправда очекувањата откако двајцата фајтери влегоа во директна пресметка со низа на удари со рацете и нозете во фантастично шоу за фановите во „Велс Фарго центарот“. Работата беше бргу завршена, откако Американецот двапати го „закачи“ ривалот, пред да го погоди во брадата и да го нокаутира.

Scroll to Top