Тренерот на Реал Мадрид реагирал по повод медиумските шпекулации во врска со можните промени во составот на не неговиот тим. Тој истакнал дека медиумите покажале непочитување кон играчите од актуелниот состав. Зидан рекол дека промените се неопходни, одбивајќи да говори за можните заминувања на Рафаел Варан, Герет Бејл и Марсело.
„Тоа е непочитување. Тоа не е тема на која би разговарал, иако многу медиуми и медиумски работници го прават тоа. За нас тоа не е важно. Свесни сме дека промените се неопходни и дека се тоа работи со кои тимот ќе се занимава во иднина“, рекол Зидан.
Сепак кажал неколку збора за Варан.
„Јас на пример не сакам Рафаел да замине од клубот. Тој е перфектен играчза нас, тука е осум години, ги освои сите можни трофеи, а се уште е млад. Мене ништо не ми кажал, знам само дека тој е во најдобриот клуб во светот“, рекол Зизу и дополнил.
„Марсело ни е потребен, а вие го ставате под знак прашалник, а сите знаеме дека тој е фантастичен. Бејл мора да се соочи со свирежите, тоа и јас сум го направил. Тој има карактер да го надмине тоа и да го покаже својот талент“.
Реал Мадрид, утре, во дербито на колото ќе гостува кај Валенсија.