Top Sport

Симеоне најмногу заработува од тренерската фела

Предводникот на Атлетико Мадрид, Диего Чоло Симеоне (48) е најплатениот тренер во светот на фудбалот, пишува „Франс Фудбал“.

Чоло има годишна заработка од 41 милиони евра. Аргентинецот е тренер на Атлетико од 2011 година, во февруари ја продолжи соработката со клубот до 2022 година.

Второто и третото место на листата е резервирано за тренери кои во моментов се без работа Жозе Мурињо и Тиери Анри.

Мурињо во декември минатата година доби отказ во Манчестер Јунајтед, но и покрај тоа во сезоната 2019/2020 тој заработил 31 милиони евра, додека Анри кој само три месеци се задржа на клупата на Монако инкасирал неверојатни 25,5 милиони евра.

Во Топ десет се наоѓаат уште и Пеп Гвардиола (Манчестер сити/ 24 милиони евра), Ернесто Валверде (Барселона/23), Арсен Венгер (ек-Арсенал 20,5), Фабио Канаваро (Гвангжу Евергранде/15), Масимилијано Алегри (Јувентус/13,5), Марчело Липи (репрезентација на Кина/13), Јирген Клоп (Ливерпул/13), Леонардо Жардин (Монако/13).

Межу 20 најплатени тренери во светот се и двајца што потекнуваат од Балканот, тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач (7,5 милиони евра) кој го „дели“ 16 место со Зинедин Зидан од реал и Виктор Переира од Шангај СИПГ, односно Драган Стојковиќ-Пикси (7 милиони евра) тренерот на Гунгжу РФ е на 19 место.

Scroll to Top