АБА лигата ги претстави петте најдобри потези кои ги одбележаа вторите полуфинални мечеви во регионалното кошаркарско натпреварување.
Петтата позиција му припадна на Раде Загорац кој погоди против Звезда со звукот на сирената.
Андрија Стипановиќ од Цедевита со одбојкарскиот смеч на мечот против Будуќност се најде на четвртата позиција.
На третото место е акцијата на Човиќ и Цирбес од Црвена Звезда на гостувањето кај Партизан.
Втората позиција е за „бананата“ што му ја подели Алекс Ренфро на центарот на „црвено-белите“ од Белград, Мајк Цирбес.
На првото место на топ 5 листата се најде блокадата на Џејмс Бел од Будуќност кој го запре игрчот на Цедевита, Елџин Кук.
Погледнете: