Top Sport

Роналдо го пропушта Милан, ќе игра против Ајакс

Кристијано Роналдо се рехабилитирал од повредата со која се здоби настапувајќи за Португалија и ќе игра против Ајакс, наредната недела, во првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите.

Пред неколку дена тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, најави дека Роналдо нема да биде подготвен за првиот меч со Ајакс, но дека сигурно ќе биде подготвен за реваншот во Торино.

Во петокот, италијанските медиуми, објавија дека Португалецот се рехабилитрал од повредата, дека сигурно ќе игра против Ајакс, а ќе го пропушти дуелот со Милан.

Јувентус утре од 18 часот ќе го пречека Милан, а од претпазливост Роналдо нема да игра на овој натпревар.

Португалецот во досегашниот дел од сезоната на 36 натпревари забележал 24 гола и 12 асистенции.

Scroll to Top