Top Sport

Давид Луиз одбил 40 милиони евра од Катар, иако нема нов договор со Челси

Кина, САД и Блискиот исток се популарни дестинации за фудбалерите кои се во доцните 30-ти години затоа што таму можат да заработат повеќе отколку во Европа.

Сепак сите фудбалери не го прифаќаат предизвикот. Неодамна Марио Манџукиќ ги одби Кинезите, а сега слична одлука донесе и Бразилецот Давид Луиз.

31-годишниот дефанзивец добил великодушна понуда од Катар со која за 3 сезони би можел да заработи околу 40 милиони евра, но сепак не ја прифатил.

На крајот на сезонава му истекува договорот со Челси каде игра вкупно шеста сезона, или трета во вториот мандат, откако две сезони беше дел од ПСЖ.

Челси на играчите постари од 30 години им дава договори година за година.

Шпекулациите се дека Луиз имал понуда и од бразилски Палмеирас, но фудбалерот смета дека е премлад да се враќа во татковината.

Scroll to Top