Заврши регуларниот дел од сезоната во кошаркарската Евролига. Најдобрите осум тима изборија пласман во плејофот.
За место на завршниот турнир ќе играат Фенербахче-Жалгирис, ЦСКА Москва-Басконија, Реал Мадрид-Панатинаикос и Анадолу Ефес-Барселона.
Четврт-финалето се игра на три добиени натпревари во периодот од 16 април до 1 мај.
Завршниот турнир се игра во Виторија од 17 до 19 мај.