Реал Мадрид забележа победа над Еибар 2:1, во 31 коло, во Ла Лига. Тимот на Зинедин Зидан, одигра уште еден лош натпревар, особено во првиот дел, кога играчите со свирежи беа испратени во соблекувалните, а пораз спречи Карим Бензема.
Во првиот дел Реал не направи буквално ништо на теренот. Гостите лошата игра на противникот ја казнија во 39 минута кога Кејлор Навас го совлада Марк Кардона.
Нешто подобро Реал одигра во вториот дел, а работата им беше олеснета кога поради повреда играта ја напушти централниот дефанзивец Иван Рамис.
„Кралскиот клуб“ го спаси Бензема со головите во 59 и 81 минута. До крајот на мечот Бензема имаше уште три шанси да комплетира хет-трик, два пати промаши, а еднаш го погоди дирекот.