Јувентус, без Кристијано Роналдо, со пресврт, забележа победа над Милан 2:1, во дербито одиграно во рамките на 31 коло во Серија А.
Милан одиграа подобро во првиото полувреме кое го завршија со предност. Грешката на одбраната на Јувентус ја казни Полјакот Кшиштоф Пјатек.
Јувентус се вратија во мечот во 60 минута, кога еден дел на Мусакио и Дибала беше досуден пенал за домашниот тим. Дибала израмни на 1:1.
Во вториот дел во игра влеоа Пјаниќ и Кен и овие двајца ја реализираа акцијата која му донесе предност на Јувентус. Пјаниќ асистираше, а тинејџертот Кен го совлада Реина.
Милан со овој пораз ја продлабочија кризата, на последните четири натпревари тимот на Џенаро Гатузо има освоено само еден гол.
foto/epa