Top Sport

Црвена ѕвезда го растури Партизан, ќе игра финале во АБА-лигата

Кошаркарите на Црвена ѕвезда изборија пласман во финалето, во АБА-лигата, откако во решавачкиот трет меч го декласираа Партизан со 84:63. Во финалето „црвено-белите“ ќе играат против Цедевита или Будуќност. Овие две екипи мајсторката ја играат утре во Загреб.

Навивачите на „вечните ривали“ очекуваа неизвесен меч, какви што беа претходните два во серијата, меѓутоа на овој натпревар неизвесноста траеше само во првите пет минути. На почетното водство на Партизан од 0:3, Црвена ѕвезда одгорови со серија 15:0 во петата минута.

Одо овој шок „црно-белите“ не успеаја да се вратат. Црвена ѕвезда во целост го контролираше натпреварот, имаа целосна контрола во скокот под двата коша, имаа висок процент на реализиција од поле, поради што констатнтно ја зголемуваа предноста.

Највисоката разлика на семафорот стоеше во 35 минута (78:43).

Перпероглу ја предводеше Црвена ѕвезда со 18 поени, Добриќ и Човиќ постигнаа по десет, а Оџо девет поени. Човиќ имаше шест асистенции, а Оџо осум скока.

Единствениот со двоцифрен ефект кај Партизан беше Пејџ со 12 поени, меѓутоа Американецот поентираше во последниот период кога победникот веќе беше познат.

фото/aba-liga.com

Scroll to Top