Напаѓачот на ДЦ Јунајтед во американската МЛС Лига, англискиот интернационалец, Вејн Руни вчера во 52 минута од мечот на неговиот тим против Лос Анџелес заработи директен црвен картон.
Неговиот тим во тој момент губеше со 3-0 кога Руни брутално стартуваше на ногата на Диего Роси, по што судијата најпрво покажа жолт картон, но откако му асистираа од ВАР-собата, ја прегледа снимката и жолтиот го замени со црвен картон.
Ова за Руни е прв црвен картон во МЛС лигата, а прв негов по 2014 година. Досега во кариерата Англичанецот има 7 црвени картони.
https://youtube.com/watch?v=jkfn8r9Skv0