Депортиво Алавес на својот стадион ја пречека екипата на Леганес во рамки на 31 коло во шпанската Ла лига. Натпреварот заврши нерешено 1-1.
Алавес се бори за пласман во Лигата на шампиони, но со денешните два пропуштени бода, и тоа со гол во 93 минута, сериозно назадуваа во борбата.
Екипата од Виторија резултатот го отвори во 18 минута од белата точка, стрелец Џонатан Каљери.
Во продолжението на мечот гостите беа поконкретни, но не успеваа да изедначат. Кога сите на стадионот ги вкалкулираа трите бода на контото на својот миленик, Џонатан Силва погоди за конечни 1-1.
Алавес сега е седми со 45 бода, еден помалку од Севилја. Леганес е 11. со 40 бода.