Top Sport

Хоакин Капарос: Имам хронична леукемија

Фудбалерите на Севилја, вчера, во финишот успеаја да постигнат два гола и да ја однесат победата од Валјадолид. Екипата на Хоакин Капарос сега има само бод помалку од четврто пласираните Хетафе.

По мечот тренерот Капарос со една изјават ги шокираше своите играчи и шпанската јавност. 63-годишниот тренер рекол дека боледува од хронична леукемија.

„Тоа нема да влијае врз мојата работа. Ќе продолжам со мојот живот. Не примам никаква терапија. Сакам да уживам во работата. Сакам да уживам во оваа шанса што ја добив од клубот. Повеќе не би говорел на оваа тема, сакав само сите да го знаат ова“, рекол Капарос.

Кронична леукемија е тип на канцер што напредува бавно и не секогаш бара итен третман.

Инаку, ова е втора сезона на тренер на Севилја да му биде дијагностициран рак. Во ноември 2017 година Едуардо Беризо откри дека има рак. Еден месец подоцна тој доби отказ, успешно ја излечи болеста, а сега работи како селекторот на Парагвај.

Капарос во кариерата ги тренирал Ла Коруња, Атлетик Билбао, Мајорка, Леванте, Гранада, Осасуна. Бил тренер на Севилја од 2000 до 2005 година, а лани два месеци го предводеше тимот откако Винченцо Монтела доби отказ.

Scroll to Top