Top Sport

Орландо ќе игра во плејофот, нов блесок на Хезоња (Видео)

Кошаркарите на Орландо Меџик, предводени од Никола Вучевиќ, обезбедија пласман во плејофот, во НБА лигата. Изминатата ноќ во НАб лигата ја обележа и Хрватот, Марио Хезоња, играч на Њујорк Никс. Исто така Голден стејт Вориорс, го искористија поразот на Денвер Нагетс и ја обезбедија првата позиција на Западот.

Орландо Меџик, во Бостон, ги победија Селтикс 116:108. Блескаше Црногорецот Вучевиќ со 25 поени, 12 скока и четири асистенции. Најефикасен кај Меџик беше Теренс Рос (26 поени).

Бостон и покрај поразот ја обезбедија четвртата позиција на Истокот и ќе ја имаат предноста на домашниот терен во првото коло против Индијана Пејсерс. Меџик одат во разигрувањето прашање е само од која позиција, шестата, седмата или осмата.

Марио Хезоња се разбуди во финишот на сезоната. На последните три натпревари тој има просек од 25 поени, изминатата ноќ во победата на Њујорк над Вашингтон Визардс 113:110 тој постигна 30 поени.

Актуелните шампиони, Голден стејт Вориорс убедливо ги поразија ЛА Клиперс 131:104 и си ја обезбедија првата позиција на Западот. Вориорс ги предводеше Стеф Кари со 27 поени и шест асистенции.

Резултати:

ЛА Лејкерс – Јута Џез 113.109
Портланд Трејлблејсерс – Денвер Нагетс 115.108
Сакраменто Кингс – Њу Орлеанс Пеликанс 129:133
Милвоки Бакс – Атланта Хокс 115:107
Мемфис Гризлис – Далас Маверикс 127: 129 (112:112)

Scroll to Top