Top Sport

Сари: Премиер лигата не ги штити клубовите што играат во евро-куповите

Фудбалерите на Челси, вечерва, во малото лондонско дерби, ќе го пречекаат Вест Хем. Со евентуална победа „сините“ ќе се искачат на третата позиција на табелата, односно ќе ги прескокнат Арсенал и Тотенхем.

Тимот на менаџерот Маурисио Сари се наоѓа под голем притисок бидејќи веќе за три дена ги очекува гостувањето во Прага, кај Славија, во четврт-финалето во Лига Европа.

„Не ја разбирам одлуката на Премиер лигата, бидејќи не ставија да играме во понеделник, потоа патуваме за Прага како англиски претставник. Тоа е чудно. Мислам дека повеќе би требало да направат за англиските тимови што учествуваат во европските купови. Во Серија А ваков меч би се играл в петок“, рекол Сари.

Scroll to Top