Top Sport

Хорнер: Бензинот на Ферари мириса на грејпфрут

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека Ферари користат посебно гориво и поради тоа имале предност во однос на останатите тимови.

„Гаражата на Ферари мириса на сок од грејпфрут!“, рекол Хорнер.

Предноста во јачината на моторот кај Ферари беше видлива уште на тестирањата во претсезоната во Барселона. По трката за Големата награда на Бахреин, експертите пресметале дека моторот на италијанскиот тим е за 40 коњски сили посилен од останатите.

Во исто време, ФИА, пред почетокот на сезоната воведе нови правила кои требаа да придонесат јачината на моторите на сите тимови да биде иста.

Ферари, во овој момент се единствениот тим што добиваат бензин од компанијата „Шел“.

Scroll to Top