Маркус Рашфорд ќе добие огромно зголемување на платата, од речиси четири пати (од 80.000 фунти на 300.000 фунти) со новиот договор со Манчестер јунајтед, тврдат британските медиуми.
Јунајтед си ја искомпликуваа ситуацијата со платите на фудбалерите откако го донесоа Алексис Санчез на „Олд Трафорд“ за неверојатна плата од 500.000 фунти неделно, а Чилеанецот не блесна во дресот на „ѓаволите“, предизвикувајќи ги другите фудбалери да бараат слична „исплата“.
Голманот Давид де Хеа долго време преговара за обнова на договорот и тој смета дека заслужува слична плата, додека Андер Ерера доби понуда од 200.000 фунти неделно од Пари Сен-Жермен и би сакал да добие израмнета плата од Јунајтед.
Еден фудбалер нема вакви проблеми. Маркус Рашфорд, фудбалер од школата на Јунајтед, според „Мирор“ иако има само 21 година ќе добие договор до 2024 година со 300.000 фунти неделно, односно ќе заработи 70 милиони фунти во текто на договорот. Ова е иста сума која Вејн Руни ја заработуваше со клубот пред да се врати во Евертон во 2017.