Top Sport

ЛШ: Тотенхем го загуби Кејн, но ги доби Манчестер сити, Ливерпул рутински со Порто (видео)

Тотенхем успеа да направи предност од 1:0 против Манчестер сити во првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампионите иако ја загуби својата најголема ѕвезда, Хери Кејн, додека Ливерпул уште еднаш рутински со 2:0 ги победи Порто и очекува таа предност да биде доволна на гостувањето во Португалија.

Хеунг-Мин Сон во 78. минута донесе водство на новиот стадион на Спарси, откако прво доби одлична топка од Ериксен, за да ја донесе до гол-аут линијата, пред да се сврти и со левата нога да ја протне топката под Едерсон. Фудбалерите на Сити протестираа, барајќи гол-аут, но по ВАР проверката, судијата решава дека топката не била излезена.

Ова беше награда за добрата игра на Тотенхем во меч кој не започна најдобро за нив со досуден пенал, а се влоши по повредата на првата ѕвезда Хери Кејн. Во 12. минута, по ВАР консултација беше досуден пенал за Сити по играта со рака на Дени Роуз, но Иго Љорис на голот реагираше фантастично и го одбрани ударот на Серхио Агуеро. Во 58. минута од мечот пак, играта ја напушти Кејн со повреда на скочниот зглоб по судирот со Фабијан Делф, и тој сигурно ќе им недостасува на реваншот на „Етихад“.

На „Енфилд“ пак, Ливерпул дојде до 2:0 победа над незгодните Порто, за да ги подгрее надежите на навивачите дека е можна уште една добра европска сезона.

Ливерпул дојде до рано водство уште во петтата минута, кога по една убава акција, ударот на Наби Кеита од работ на шестнаесетникот „закачи“ одбранбен фудбалер на Порто и го „излажа“ Икер Касилјас на голот.

Водството беше удвоено во 26. минута, кога Боби Фирмино по убавата асистенција на Трент Александер-Арнолд лесно ја уфрли топката во голот.

Scroll to Top