Top Sport

Асистентите во Евролигата во елемент, избрани 10-те најдобри потези (видео)

Кошаркарската Евролига ги избра десетте најдобри асистенции во регуларниот дел од сезоната.

На првата позиција се најде Аргентинецот, Факундо Кампако од Реал Мадрид, а втората позиција му припадна на српскиот кошаркар Стефан Јовиќ од Баерн Минхен.

Факундо е на врвот од престижната листа по одличното додавање до горостасниот центар Тавареш, додека Јовиќ екстра додавањето го изведе на мечот против Барселона во Минхен, кога го проигра Леон Радошевиќ меѓу двајца противнички играчи.

Во продолжение погледнете ги десетте најдобри асистенции:

Scroll to Top