Top Sport

Ешли Јанг против Барса го одигра најлошиот натпревар во историјата на ЛШ

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ешли Јанг (33) го одигра најлошиот натпревар во кариерата, а автор е и на еден од најлошите натпревари во историјата на Лигата на шампионите.

Во домашниот пораз од Барселона во првиот четвртфинален меч од ЛШ, Јанг дури 32-пати го изгуби поседот на топката и притоа во празно уфрли неколку топки.

Имаше 11 обиди за нафрлување, сите беа неуспешни, а точноста на додавањата му беше 73 отсто, најлоша од сите негови соиграчи. Јанг имаше меч за заборав.

Неговата природна позиција е на крило, а во Јунајтед стана бек по игра на случајност, меѓутоа против Барселона ништо не му одело од нога, па навивачите во ЛШ на социјалните мрежи се сложни – ова се најлошите 90 минути во ЛШ.

Scroll to Top