Top Sport

Португалците со шок-терапија за француските фаворити, Словенците се „спасуваа“

Португалија му го нанесе првиот пораз на освојувачот на европската бронза, Франција со шокантни 33:27 во третото коло на квалификациите за ЕП 2020, по што се сами на првото место во групата 6 со максимални шест поени.

Домаќините во Гимараеш почнаа силно од стартот на мечот и не го испуштија водството до крајот на мечот за изненадувачки висок триумф над секогаш фаворизираните Французи.

Словенија исто така има совршен скор, откако во драматичен меч, успеа да стигне до тесна 27:26 победа на гостувањето кај Холандија. Тимот на селекторот Веселин Вујовиќ губеше во текот на целиот меч, а разликата дојде до +5 (8:3, 11:6), пред во второто полувреме со одлична серија да се израмнат.

Сепак, Холанѓаните водеа со 26:24 во финишот на мечот, по што на сцена стапи одличниот Деан Бомбач, кој ги врати во игра гостите пред Блаж Јанц да го постигне победничкиот гол.

ЕП 2020, КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА 4

Естонија – Летонија 18:24 (11:10)

Холандија – Словенија 26:27 (12:11)

Табела:  1.Словенија 6, 2.Летонија 4, 3.Холандија 2, 4.Естонија 0

ГРУПА 6

Португалија – Франција 33:27 (17:13)

Табела: 1.Португалија 6, 2.Франција 4, 3.Романија 2, 4.Литванија 0

Scroll to Top