Top Sport

Јовиќ е најблиску до Реал

Скаути на Реал Мадрид, Барселона, Манчестер сити и Баерн Минхен, синоќа на „Луж“ стадионот во Лисабон, го следеле српскиот репрезентативец Лука Јовиќ.

Јовиќ постигна еден од двата гола за Ајнтрахт, во поразот од Бенфика 4:2. Германскиот тим од 20 минута играше со фудбалер помалку на теренот, а Јовиќ во 40 минута постигна гол со кој во тие моменти израмни на 1:1. Голот против Бенфика беше 24 оваа сезона, во сите натпреварувања, а осми во Лига Европа, за српскиот репрезентативец.

По вчерашната изјава на таткото на фудбалерот, дека Лука во Барселона би бил само резерва, медиумите шпекулираат дека најблиску до неговиот потпис е Реал Мадрид.

Наводно, Флорентино Перез ќе понудел 70 милиони евра за фудбалерот на Ајнтрахт, а „Марка“ во денешниот текст пишува дека Јовиќ е „деветка“ кој долго време може да го предводи нападот на „кралскиот клуб“.

Работата на Реал ќе се обиде да им ја расипе спортскиот директор на Манчестер сити, Чики Бегеристајн, кој бил синоќа во Лисабон.

Scroll to Top