Top Sport

Србинот си оди од Манчестер Јунајтед

Немања Матиќ е еден од оние играчи за кои се шпекулира дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти Манчестер Јунајтед.

Интерес за Матиќ има кај неколку клуба од Италија, меѓутоа според медиумите во Англија, тој кариерата ќе ја продолжи во Кина.

Неименуван клуб бил подготвен да плати големо обесштетување и на играчот да му понуди годишна плата од десет милиони евра, што за речиси три милиони повеќе од она што во моментов го заработува на „Олд Трафорд“.

Немања Матиќ е играч на Манчестер Јунајтед од 2017 година, а со клубот има договор до јуни 2020 година.

Scroll to Top