Српскиот напаѓач Урош Ѓурѓевиќ, синоќа, постигна еден од најбрзите голови во историјата на фудбалот во Шпанија.
Спортинг Хихон, во првиот меч од 34 коло во втората лига на Шпанија (Сегунда), го пречека Гранада. Натпреварот заврши со резултат 1:0, а единствениот гол на натпреварот Ѓурѓевиќ го постигна по само десет секунди игра.
Поранешниот играч на Рад, Витесе, Палермо, Партизан и Олимпијакос со десет гола е најдобриот стрелец оваа сезона во Сегунда. На последните три натпревари постигнал три гола со кои Спортинг освоиле седум бода.
На осум кола до крајот на сезоната во Сегунда (се играат 42 кола), Сортинг се на осмото место со 52 бода, два помалку од местата кои водат во плејофот за пласман во Примера.
На првите две позиции во Сегунда се Осасуна со 64 и Гранада со 61 бод.