Top Sport

Перишиќ од наредната сезона ќе игра во Премиер лигата?

Фудбалерот на Интер, Иван Перишиќ, наредната сезона ќе игра во Премиер лигата, тврдат италијанските медиуми. Три тима, сите од Лондон, биле заинтересирани за услугите на хрватскиот репрезентативец.

Арсенал, работена на трансферот на Перишиќ во јануарскиот преоден рок, кога интерес за него покажаа и од Тотенхем. Последниот клуб што ќе се вклучи во трката за беговиот потпис е Вест Хем.

Цената на 30-годишниот фудбалер изнесува околу 35 милиони евра.

Како што пренесе „Газета дело Спорт“, тренерот на Интер, Лучано Спалети, го замолил Перишиќ до крајот на сезоната да се фокусира на Интер и да му помогне на тимот да го задржи местото што носи пласман во Лигата на шампионите.

Scroll to Top