Кошаркарките на Вардар, според очекувањата изборија пласман во финалето на Купот.
Вардар во полу-финалето убедливо славеше над Работнички 73-48 (22-8, 23-10, 17-15, 9-14).
Вардарки беа доминантни по теренот во текот на целиот натпревар, а резултатската позитива од првиот период им донесе опуштена игра сведена на рутина.
Наков го предводеше Вардар со 13 поени, 13 скока, 9 асистенции и 5 украдени топки, 13 поени постигна и Деловска. Морговска со 15 поени беше најдобра кај Работнички.
Вардар во утрешното финале (14 часот) за пехарот ќе се борат со Бадел 1862.