Дебаклот на Евертон на „Крејвен Котиџ“ и „петардата“ што фудбалерите на Бортнмут ја пукнаа во мрежата на Брајтон ги обележаа поладневните натпревари во Премиер лигата.
Евертон одиграа беспрекорен меч минатиот викенд и го совладаа Арсенал, меѓутоа се изрезилија попладнево кај Фулам. Екипата која е испадната од Премиер лигата ги победи Евертон со 2:0. Керни во 46 и Бабел во 69 минута ги постигнаа головите за Фулам.
Барнли го турнаа Кардиф кон втората лига со победата од 2:0. Трите бода за мирен финиш на сезоната на Барнли му ги донесе Вуд со головите во 31 и 93 минута.
Суатменптон освоија значајни бодови против Вулверхемптон. Победата ја најави Редмонд во втората минута, истиот играч во 30 зголеми на 2:0. Боли намали на 2.1, а Ирецот Лонг во 71 минута ги постави конечните 3:1.
Брорнмут во минатото голо беа поразени како домаќини со 4:0, а во ова коло го декласираа Брајтон со 5:0. Петминаниграчи постигнаа по еден гол во обедливиот триумф (Гослинг, Фрејзер, Брукс, Вилсон и Станислас).