Top Sport

Уеска до бод против комбинираниот тим на Барселона (Видео)

Уеска освои бод против Барселона (0:0) во 32 коло, во Ла Лига. Овој бод е значаен за Уеска во борбата за опстанок во лигата. Барселона остана без два бода, но има голема предност во однос на Атлетико и Реал.

Ернесто Валверде испрати комбиниран состав, без Меси, Ракитиќ, Бускетс, Суарез, Пике, Роберто. Во финишот шанса добија Кутињо, Артур и Жорди Алба. Од стандардните играчи на теренот беа само голманот Тер Штеген и Кутињо.

Иако, Барса играше во „шарен“ состав, фудбалерите на Уеска не се осмелија да нападнат. Барса доминираше во поседот на топка, меѓутоа упатија само два удари кон голот на Санта Марија.

foto/epa

Scroll to Top