Манчестер Јунајтед запиша тешка победа над Вест хем во 34 коло, во Премиер лигата. Пол Погба од белата точка им ја обезбеди победата на „црвените ѓаволи“ од 2:1.
Манчестер Јунајтед ја прекинаа серијата од два порази (Вулверхемптон и Барселона) и се вратија во трката за место во Лигата на шампионите.
Вест Хем одиграа добра меч на „Олд Трафорд“, но немаа доволно среќа да освојат барем еден бод.
Два пенали му ја донесоа победата на Јунајтед. Првиот дискутабилен во 19 минута го реализира Погба, а францускиот репрезентативец беше прецизен и од 83 минута. Единствениот гол за Вест Хем го постигна Фелипе Андерсон во 49 минута.
Јунајтед сега се петти со 64 бода, два помалку од Челси и три од Тотенхем.