Словенката Полона Херцог стигна до својата втора титула во кариерата, но прва по седум години, откако со 6:3/3:6/6:3 ја победи 17-годишната Полјачка Ига Швјонтек во финалето на Самсунг опен во Лугано, Швајцарија.
Во 17-тото финале на ВТА турнејата оваа сезона, 28-годишната Херцог е 17-тата различна тенисерка што освојува титула. Херцог мораше да почека 75 минути одложување поради дожд, пред да ја освои првата титула од таа во Бастад, Шведска пред седум години. За Швјонтек, шампионката во јуниорска конкуренција од Вимблдон, ова беше само трет ВТА турнир во кариерата.
До втор трофеј во кариерата стигна и Французинот Беноа Пер, откако со 6:2/6:3 го победи Шпанецот Пабло Андухар во финалето на Гран При Хасан Втори во Маракеч, Мароко. Андухар е трикратен шампион од мароканскиот турнир, но не успеа да се справи со агресивната игра на Пер, кој ја имаше контролата од стартот до крајот на мечот.
? Bastad 2015
? Marrakech 2019@benoitpaire wins his second ATP title after beating the defending champion Pablo Andujar 6-2 6-3 in Morocco pic.twitter.com/NvkmG4FExV— Tennis TV (@TennisTV) April 14, 2019