Поранешниот тренер на Аталанта, Лацио и Наполи, Едоардо „Еди“ Реја ќе биде нов селектор на репрезентацијата на Албанија, откако се согласил да ги одработи квалификациите за Европското првенство во 2020, јавуваат албанските и италијанските медиуми.
Реја ќе биде трет Италијанец во низа на чело на албанската репрезентација по Џани де Блази и Кристијан Панучи, кој доби отказ по слабиот старт на евро-квалификациите. Според италијанските медиуми, претседателот на албанската федерација Арманд Дука прво сакал да го донесе Алберто Ѕакерони како нов тренер.
Реја ја почна тренерската кариера во тимот на Наполи во 2004 година, кога клубот од Неапол беше во Серија Ц, и ги врати во елитата. Потоа тој беше тренер на Хајдук Сплит, пред во 2010 да се врати како тренер на Лацио, каде што работеше до 2012 година.