Top Sport

Тер Штеген: Не само да ги победиме, туку да ги издоминираме Јунајтед

Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген вели дека неговиот клуб ќе се обиде да доминира над Манчестер јунајтед во вториот меч од четврт-финалето во вторник. Каталонците го пречекуваат англискиот клуб со 1:0 предност од првиот меч, но германскиот голман вели дека тоа не значи дека тие ќе влезат опуштено во мечот.

„Немаме многу голема предност. Не сакаме само да ја одбраниме, туку и да покажеме дека сме супериорни. Сакаме да покажеме дека сме многу подобри од Јунајтед  и треба да ги победиме на наш начин. Треба да играме со карактер“, вели Тер Штеген.

Последните три сезони, Барселона беше елиминирана во четврт-финалето, откако лани пропуштија 4:1 предност од првиот меч и загубија со 3:0 од Рома.

„Поразот од Рома беше тежок, но беше пред една година. Не сакаме да се повтори и мораме да бидеме внимателни“, вели Тер Штеген.

Scroll to Top