Кристијано Роналдо не успеа да го однесе Јувентус во полу-финалето, во Лигата на шампионите. Португалецот, во нокаут-фазата ги постигна сите голови за својот тим, но особено синоќа против Ајакс немаше поддршка од соиграчите.
Во Јувентус веруваа дека Роналдо е алката што им недостига за да се искачат на тронот, поради што вложија многу во Португалецот. Роналдо, за четири години, ќе го чини клубот околу 383 милиони евра, во сумата влегува обесштетувањето, годишната плата и бонусите.
Поругалецот освои три титули во ЛШ во последните три години, односно четири во последните пет сезони со Реал. Синиќешната елиминација е прва за него пред полу-финалето уште од 2010 година.
Во сезоната 2009/2010, Олимпик Лион во осмина-финалето го елиминираше Реал Мадрид.