Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, смета дека навивачите во Аргентина биле неправедни и премногу критични кон Лионел Меси.
„Гревот“ на Меси е тој што нема освоено ниту една титула со Аргентина, а играч два пати во финалето на копа Америка и еднаш во финалето на СП.
Симеоне смета дека јавноста и медиумите за сите неуспеси јавноста и медиумите го обвинуваат играчит на Барселона.
„Јасно е дека секој може да мисли што сака и јас тоа го почитувам. Сепак луѓето не се фер кога толку многу го критикуваат Меси. Беше блиску да го освои СП, за жал не успеа. Не ми е јасно зошто го прават тоа, тој е фантастичен играч. Колку Златни топки освоил? Колку голови има постигнато? Колку пати решил натпревар и го спасил својот тим? Без него ништо не би било исто“, порачал Симеоне.