Бразилецот Ришарлисон, кариерата би можел да ја продолжи во Барселона. „Марка“ пренесува дека Каталонците покажале сериозен интерес за напаѓачот на Еверотон, за кого биле подготвени да платат 50 милиони евра.
Ришарлисон има 21 година, во летниот преоден рок, за 40 милиони евра, од Вотофорд пристигна во Евертон. Оваа сезона има постигнато 13 гола. Иам одиграно и осум натпревари за Бразил, на кои постигнал три гола.
Барселона има исклучително добри односи со Евертон, минатото лето тројца фудбалери од Каталонија пристигнаа на „Гудисон“, Андре Силва, Лука Дињ и Јери Мина.
Покрај Барселона интерес за овој фудбалер покажале Милан и Атлетико Мадрид.