Поранешниот хрватски фудбалски селектор, Славен Билиќ кој е доскорешен тренер на Ал Итихад е најсериозен кандидат да стане селектор на фудбалската репрезентација на Шкотска, пишуваат медиумите на Островот.
Алекс Меклиш доби отказ по слабиот старт на евро-квалификациите, а Билиќ има завидно репрезентативно искуство предводејќи ги „Коцкастите“.
Епизодата на Билиќ во Саудиска Арабија заврши пред два месеци, па сека во тек се преговорите во ФС на Шкотска. Конкуренција на Хрватот му се Дејвид Мојс, Стив Кларк, Сем Алардајс и Гордон Страхан.
Билиќ селектор на Хрватска беше 6 години, а најдобриот резултат го постигна на ЕП 2008 каде својата репрезентација ја донесе до четвртфиналето.
Потоа беше тренер на Локомотив Москва, Бешикташ и Вест Хем.
#ICYMI: @jonnyrmcfarlane says Slaven Bilic is the man to lead Scotland forwardhttps://t.co/kQzVuRNhMR pic.twitter.com/WlqDqF3PgG
— Football Scotland (@Football_SCOT) April 18, 2019