Top Sport

Милан и Интер во војна за потписот на фудбалер на Рома

Доколку сега заврши сезоната во Серија А, Милан и Интер би успеале да се пласираат во ЛШ за наредната сезона, но освен таа борба, градските ривали „војуваат“ и за потписот на фудбалерот од средниот ред на Рома, Лоренцо Пелегрини.

Како што пренесува „Газета дело Спорт“ италијанскиот фудбалски репрезентативец нема намера да остане кај „волчицата“, а откупната клаузула за него изнесува 30 милиони евра.

Доколку Рома успеа да обезбеди учество во квалификациите за ЛШ можеби Италијанецот ќе ја промени одлуката.

Тој потекнува од школата на Рома, а две сезони играше на позајмица во Сасуоло и таму остави одличен впечаток.

За Азурите настапи на 9 меча.

Scroll to Top