Кога минатото лето Португалецот Кристијано Роналдо ја засили „Старата дама“, многумина помислија дека титулата во Лигата на шампионите сама ќе дојде. Сепак проклетството на тимот од Торино трае веќе 23 години.
Италијанскиот клуб испадна во четвртфиналето од холандски Ајакс во ЛШ, а тренерот на Јуве, Алегри смета дека со доаѓањето на Роналдо немаше гаранција дека трофеј ќе дојде во Торино.
„Велев дека со доаѓањето на Роналдо нема математички гаранции дека ќе ја освоиме титулата во Лигата на шампиони. Фудбалот не е чиста наука. Доаѓањето на Роналдо не ни гарантираше Лига на шампионите. Барселона, се врати во полуфиналето по пауза од четири сезони, а го имаат Меси во составот. Ако ја освоиме Серија А, тоа ни гарантира дека сме имале успешна сезона“ – вели Алегри.