Top Sport

Бразилецот Роналдо не потпишал за ПСЖ од бизарна причина

Легендарниот бразилски напаѓач, Роналдо во 1997 година бил пред потпис со француски ПСЖ, но тогашните сопственици на клубот, тв куќата „Канал +“ од крајно бизарна причина не се согласиле на трансфер.

Роналдо милиметри го делеле од францускиот великан. Се било подготвено, се чекал само потписот. Меѓутоа „Канал +“ се откажал затоа што се плашеле дека со неговото доведување на себе ќе ја навлече љубомората на големиот ривал на „светците“, Олимпик Марсеј, па тоа ќе влијае на гледаноста.

По пропаѓањето на можноста Роналдо да заигра на „Паркот на принцовите“, тој направи трансфер во Интер.

Scroll to Top